top of page
Metropolitan Metodij

НАШИОТ ВЛАДИКА ЕПИСКОП 

Методиј Златанов

Американско - Канадска Македонска Православна Епархија

Личен Профил и Образование

Владиката Методиј Златанов е роден на 24 август 1963 година, во Берово, Македонија. Основно и средно образование завршил во Скопје. Го продолжил своето образование во областа на филологијата и по две години ги завршил студиите на православна теологија на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Скопје.  

 

Неговиот монашки живот започнал во 1995 година, прво во манастирот Пресвета Богородица, Елеуса, во Велjуса, а подоцна и во манастирот Свети Леонтиј, во Водоча. Во 1996 година бил ракоположен во јеромонашки чин, а неколку месеци подоцна за Игумен на манастирот Свети Пророк Илија во Струмица. Во 1998 година ги завршува студиите по православна теологија на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

 

Владиката Методиј магистрирал на Катедрата за Македонска Литература додека беше на редовно професорско место и проректор во Македонската Православна Богословија „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Во 2004 година беше назначен за Архимандрит, а во 2005 година итронизиран за Епископ Велички. Во 2006 година го одбранил својот магистерски труд со наслов „Кочо Рацин и Богомилите“ и го завршил својот магистерски труд по филологија.  

 

По дипломирањето, тој беше назначен за Администратор на Американско - Канадската Македонска Православна Епархија. На 2 Септември 2006 година, тој беше инаугуриран за Епископ во Епархиската Соборна Црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто.  

 

Владиката Методиј е член на Друштвото на Писатели на Македонија и Здружението на Новинари на Македонија. Тој е автор на долга листа на книги, статии и есеи.  

 

Владиката Методиј бил главен уредник на списанието „Православен Пат“ и е член на едиторијалот „Портал“ и соработник на списанието „Премин“. Тој бил член на интермедијалната група „Апореа“, која подоцна беше преименувана во „Анастасија“. Од 1993 година тој бил главен уредник на списанието „Домострој.“ 

 

Владиката Методиј е автор на Програма по Веронаука за трето одделение, која беше прифатена како официјална Програма по Веронаука од Светиот Синод на Македонската Православна Црква за 2003 година и Министерството за Образование и Бирото за развој.  

 

Владиката Методиј живее во Детроит, Мичиген. Тој патува опширно поддржувајќи ја Американско- - Канадската Епархија и Македонските Православни Цркви и Манастири. 

bottom of page