top of page

Редовни Богослуженија 

Во Православната Христијанска пракса, постојат празници што оддаваат знак на значајни настани од нашата Православна историја. Овие празници се годишни и се повторуваат низ целиот годишен циклус. 

Света Божествена Златоустова Литургија

IMG_2194.JPG

Црквата Свети Пророк Илија е отворена секоја Недела. Светата Божествена Литургија започнува во 10:00 часот а завршува во 12 часот. Ве покануваме сите да ни се придружите заедно молитвено да му се обратиме на Бога а после службата да поразговараме за Бога и за Светата Црква Божја.

Пресвета Богородица

Mother Mary and Jesus.JPG

Славењето на Пресветата Владичица наша Богородица за нас Православните Христијани е од големо значење. Таа е наш директен молитвен застапник пред нејзиниот син Господ наш Исус Христос.

Православен Велигден

180805619_444971939933235_52096982499865

Православниот Велигден е всушност прославување на Животот над смртта. Во спомен на овој празник еден црковен поет ќе рече луѓе дојдете да видите како умира смртта. За нас православните христијани овој празник над празниците е најважен. Символиката на носењето јајца во храмот всушност е тоа дека јајцето го претставува гробот Христов од кој излегува нов Живот.  

Православен Божиќ 

77734A19-F8D4-4BA9-9BA7-39C175A0A5AD.jpe

Православниот Божиќ е прослава на раѓањето на Исус Христос. Ова е повеќедневна прослава. Секоја фамилија пече леб со пара скриена во тепџиата. Тој човик што ќе ја најди парата ќе има среќа за целата годината. На Божиќ, повеќето одат на црковна служба, а потоа фамилиите се собирате дома и имаат голема гозба.

Секојдневни Богослужби и Активности

FCB3C8E9-B859-46E6-B2EA-6B104D9477A7.hei

Црквата Свети Пророк Илија е отворена секој ден од 10 часот до 2 часот за секој оној што сака да застане и да се помоли на Бога за добро здравје на ближните и саканите свои но и за да си спомнат за своите упокоени ближни. Свештеникот Блаже е тука за вас да одговори на секое ваше прашање поврзано со нашата богата Македонска Православна историја и култура.

Акатистна Химна кон Богородица

Akathist_responses.png

Најубавата поетска творба за Пресвета Богородица ја напишал светиот Јован Дамаскин. Акатистната химна кон Пресветата Богородица ја пееме во нашата Црква за време на Великиот и Голем пост во  секој Петок навечер заклучно со Петокот пред Лазарева Сабота.  

Петолебие

artoklasia.jpg

Благословувањето на Петте лебови е служба која се извршува во секој Петок навечер после Акатисната служба за време на Великиот и Голем Пост. Секој оној православен христијанин кој чувствува дека треба да му заблагодари на Бога за секое добро дело што му го дал треба да донеси во Црквата пет Просфори масло, црвено вино и неварена пченица.  

Крштевањето Христово

Krest.jpg

Богојавление е православна прослава што се одржава во Јануари во чест на крштевањето на Исус кога Светиот Дух слезе во форма на гулаб и го прогласи за Син Божји. Водата е благословена, и верниците си земат за дома од светата вода.

bottom of page